Доцна попладнево тешка сообраќајна несреќа целосно го затвори автопатот од Свети Николе кон Скопје, дознава 4NEWS.mk

Според наши информации во моментов на терен е полицијата и возило на брза помош. Започнат е увид, па поради тоа не се пропуштаат возила на автопатот.

И неколку граѓани до нашата редакција пријавија дека на овој патен правец има застој. Во моментов немаме информации за состојбата на учесниците во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.