Вчеравечер во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.

По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.