Пожар избувна на штандовите за продажба на книги пред тетовскиот Центар за култура околу 17 часот. Граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани први се обидоа да го изгаснат огнот употребувајќи кофи со вода и ПП апарати.

-Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра, изјава Мухамед од Нобел книжарница.

По пријавата интервенираше и тетовската пожарна од каде со едно возило и четири пожаникари го изгаснале огнот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.