Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, за ТВ21 потврдува дека е уапсен началникот на смената на граничниот премин Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.

Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила – вели заменик министерот.

Според информациите, првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото е со иницијали З.Р.

Скандалот беше откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан, реагираше за притисокот на граница што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.