Скандал го тресе македонскиот државен апарат откако албанската телевизија Клан со своите камери успеа да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа. Екипата на клан плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

-„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за Клан.

Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.

Неофицијално се работи за Е.Ш. полициски службеник на полицискиот премин Блаце, кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона.

Делот со митото започнува на 13 минута, на истиот претходи сведочењето на бизнисменот кој бил секојдневна жртва на граничарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.