Демиркапијка била приведена поради физички напад врз сопругот и детето, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 10.10 часот во Неготино, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К., на возраст од 34 години, од Демир Капија, затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56-годишен сопруг и нивното малолетно дете, појаснија од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.