Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во зградата на Градски пазар, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот некаде во 3:30 часот бил пријавен во Територијалната противпожарна единица која веднаш интервенирала со две возила, така што со брза интервенција е спречено ширење на пламенот на другите дуќани во објектот.

Во тек е увид на лице место, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана поголема материјална штета.

Според свидетели на настанот пред избувнување на пожарот се слушнале две силни детонации последователно една по друга.Очигледно пожарот е предизвикан од НН лица,а која порака ја испратиле кон сопственикот на објектот Агрон Речи , останува да утврди истрагата.Првичната теорија дека пожарот бил предизвикан од електричната инсталација , веднаш паднала во вода , со оглед на фактот дека отсвен локалот во сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи ,зафатени се уште 7 други деловни објекти,од кој еден во сопственост на сопругот на првата дама на охридските социјалдемократи Кристина Крлеска Деспотовска, како и други објекти во сопственост на градежната компанија Илинден Струга и ЈП Градски Пазар-Охрид.Доколку бил причинител електрична инсталација , тогаш цилиот комплекс на Градски Пазар Охрид ќе останел без електричен напон од предизвикани споеви на електричната инсталација.Од самото место јасно се гледа дека во објектот се фрлени запаливи течности , кој предизвикале силен оган и силни топлотни температури,кој предизвикале буквално растопување на севкупниот инвентар на локалот,како и топење на дел од ѕидните површини на поголе дел на објектот на градски пазар во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.