Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари.

Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.

Според првичните информации во сообраќајната незгода учествувале три моторни возила и притоа повредени се неколку лица. Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.