Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бил докторот за кој повреденото момче Леонид Даов кажува дека прв истрчал да ѝ помогне на неговата девојка Викторија. Како што пренесува „Скопје 1“, според очевидци кои се затекнале кај раскрсницата на „Партизанска“, близу „Сити мол“, а споделија информации за трагедијата, Стојкоски случајно се затекнал таму и истрчал на помош во моментот кога се случила несреќата, се обидел да ѝ даде прва помош на прегазената девојка, но единствено што можел да констатира е дека таа починала на лице место, како што сведочеше и повредениот Леонид.

Еден од сведоците беше доктор притрча и ѝ мереше пулс. Уверен сум дека не сакаше да ми каже за најлошото. Луѓе кои беа сведоци на настанот ме тргнаа од Викторија, вели Леонид во интервјуто за „Код“.

Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар. „Скопје 1“ се обиде да добие потврда од градоначалникот Стојкоски, но тој не одговорил на повиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.