Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Никола Милошевски“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот А.А.(84) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.