Едно лице е тешко, а друго полесно повредено во несреќата што се случи вчера околу 18 часот.

Како што било пријавено во СВР Охрид, на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Д.(54) од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.