Вчера околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган” со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.