На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од с.Слупчане, општина Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.