На 27.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Визбегово, патничко возило „ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале С.С.(53) и М.С.(54), двајцата од с.Волково, скопско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починала С.С., а со телесни повреди се здобил М.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.