На 08.07. во 01.50 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Ј.П.(40) од Свети Николе, постапувајќи по пријава од неговата невенчана сопруга, според која тој извршил обљуба врз нејзините две малолетни ќерки, соопшти денеска МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат оттаму.

Се чекаат повеќе детали од Обвинителството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.