Вчера околу 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „ЈНА“ во Гостивар патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од гостиварски Балиндол, удрило во 18-годишниот пешак Х.Н. од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица.

Во несреќата, пешакот и сопатникот во возилото В.Ќ.(28) од Гостивар се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.