Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин остро реагираше на изјавата на киевскиот градоначалник и поранешен боксер Виталиј Кличко, дека како што „Албанците на Косово се ослободиле од српскиот окупатор, така и Украинците ќе се ослободат од рускиот окупатор“.

Ако Кличко знаеше историја, ќе знаеше дека Косово и Метохија е дел од Србија и дека не е можно да се окупира сопствената земја. Тој што ги споредува Донбас и Косово и Метохија, мора да биде подготвен да оди до крај во споредба. Ако Кличко тврди дека Албанците биле окупирани и дека со вооружен бунт се ослободиле од Србија и од српскиот окупатор, тогаш и Русите во Донбас се окупирани и имаат право да се ослободат од украинскиот окупатор. Тоа што Кличко им го признава на Албанците во Србија, ќе мора да им го признае и на Русите во Украина. Оние кои се колнат во принципот на неповредливост на територијалниот интегритет, мора прво да го докажат своето убедување во Србија. Србија докажа дека го почитува меѓународното право, штета што другите не можат да го кажат истото за себе, му порача Вулин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.