Вељко Беливук, кој е обвинет за организирање криминална група која уби најмалку седум лица, толку многу сакал да ги види мртви Лазар Вукиќевиќ и Александар Шарц што преку тајната апликација Скај им испратил порака на своите соработници „дека живи ќе ги џвака “.

Во пресретната комуникација истражителите откриле дека Беливук, познат како Веља Невоља, и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ подготвувале ликвидација на Вукиќевиќ, чиј прекар на Скај бил Свен.

Еве дел од комуникацијата

Беливук: Никогаш не правеле ништо освен шпионирање п..чkи. Миљковиќ: Па, уште сега го прават тоа, клошари.

Милош Будимир: Само да ве прашам, ако фатиме еден од овие двајца, да им објасниме до крај што е тоа мачење.

Миљковиќ: Секако дека ќе ги стискаме до последна капка.
Милош Будимир: Ќе купиме факел и нова клешта и се што ни треба! Значи, ако треба пет дена да бидеме таму.

Беливук: Ветувам дека ќе биде измачуван како никој досега. Не ја изгубив волјата за мачење. Со задоволство ќе уживам во Свен и Дилинџер, згора на тоа, ќе ги каснам живи и ќе џвакам месо!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.