Во најголемата болница во Атина, Евангелисмос, 92 члена на медицинскиот персонал биле позитивни на корона вирусот во претходните денови, и тие се во самоизолација, додека посетите на пациентите се забранети, соопшти денеска управата на болницата.

Портпаролот на Евангелисмос, Анастасиос Григоропулос, за весникот Катимерини изјави дека сите здравствени работници се заразени со коронавирусот надвор од болницата.

Покрај тоа, Григоропулос објаснува дека многу пациенти кои се лекуваат во болница од други болести се заразени со корона за време на нивниот престој, што се покажало по неколку дена поминати во болница кога биле позитивни, наспроти негативниот тест што го имале кога биле примени.

Тој додаде дека можно е да се заразени повеќе вработени, што би предизвикало уште поголеми проблеми во функционирањето на болницата.

Катимерини наведува, повикувајќи се на зборовите на шефот на Службата за јавно здравје, Теуклис Заутис, дека околу 70 отсто од заразените во пет грчки региони (Атика, Солун, Патра, Тесалија, Крит) се заразени со сојот омикрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.