Вељко Беливук стои зад убиството на Бранислав Бане Пенчиќ (41) во Обреновац. Како што дознава „Република.рс“, полицијата која трага по убиецот истрагата ја насочила кон уапсениот водач на мафијашкиот огранок на „кавачкиот клан“. Се сомневаат дека Беливук чекал момент Пенчиќ да се врати во земјата по излегувањето од затворот во Австрија и да го ликвидира преку своите „војници“ кои се на слобода.

Според неофицијални извори, Бранислав Пенчиќ бил убиен од непознат маскиран напаѓач со пиштол со придушувач пред очите на сопругата на улица. Напаѓачот испукал три куршуми во градите и побегнал. Лекарите од Ургентниот центар не успеаја да го спасат тешко ранетиот водач на навивачка група на Партизан „Хед Хантерс“.

На полицијата ќе и помогнат снимките од безбедносните камери на околните згради кои се однесени во МВР, а можеби и вештачењето на автомобилот на Пенчиќ кој исто така е предаден на вештачењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.