Трагично завршил обидот на 80-годишен старец од Грција да ја земе ќерката од нејзиниот сопруг насилник.

Како што објавуваат грчките медиуми, според информациите, приказната зад убиството на старецот во  страна на неговиот 48-годишен зет е трагична.

Обидувајќи се да ја заштити својата 36-годишна ќерка, која му се пожалила дека сопругот ја малтретира, Астрохори Артас заминал во домот на зетот насилник и си ја земал ќерката.

48-годишниот насилник отишол во селото на настраданиот да праша за причината зошто неговата сопруга се вратила во родителскиот дом. Зетот сметал дека старецот се меша во семејните работи на неговата ќерка, па драмата завршила во убиство, а жртва бил таткото на невестата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.