Три послаби земјотреси се регистрирани синоќа и рано утринава во Србија.

Според Сеизмолошкиот завод, првите два земјотреси го погодиле подрачјето на Крушевац, а третиот Баљевац на Ибар.

Првиот слаб земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска во 2 часот и 22 минути на длабочина од шест километри, а следниот со ист интензитет следеше само една минута подоцна, во 2 часот и 23 минути по полноќ на длабочина од девет километри.

Третиот земјотрес со јачина од 1,6 степени е регистриран во 5 часот и 20 минути изутринава на длабочина од седум километри.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.