Српската Влада денеска донесе Одлука за висината на минималната плата за периодот јануари-декември 2024 година, според која минималната плата, без даноците и придонесите за задолжително социјално осигурување, ќе се зголеми на 271 динар за наредната година.

Минималната цена на трудот, наместо досегашните 230 динари, ќе се зголеми на 271 динар на час, што е зголемување за 17,8 отсто, соопшти Владата на Србија.

Со тоа, минималната плата ќе изнесува 47.154 динари или во просек 401 евро месечно – значително над очекуваната просечна инфлација од 4,9 проценти во 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.