Јован Вукотиќ, водач на Шкаљарскиот пред точно две години беше депортиран од Србија во родната Црна Гора откако претоходно беше уапсен во Турција со македонски пасош под име Геори Андонов.

Екстрадицијата на Которанин беше извршена со невидени безбедносни мерки од специјалните сили од Србија и Црна Гора, а кога со хеликоптер слетал во соседна земја, тој наводно рекол:

„Што е ова, како Ал Каеда да ми се заканува?!“

 

За тоа колку добро беше организирана депортацијата  доволно говори и фактот што првично не беше позната локацијата каде што ќе слета хеликоптерот со Вукотиќ. Исто така, бил организиран  вистински, но и лажен дочек за да се чува мисијата во тајност, но и да не се знае во кој конвој е Вукотиќ.

Локацијата во Црна Гора, каде што ќе слета хеликоптерот, во текот на летото неколку пати се менуваше. Конечно слетале на снегот, покрај шумата на северот на Црна Гора, каде во непосредна близина немало никаков предмет. Вукотиќ го чекаа вооружени црногорски обезбедувачи, кои заедно со српските колеги не дозволија никој да помине.

Тој инсистирал да не се транспортира по копно, па дури и понудил да биде депортиран со авион на свој трошок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.