Вечерва на социјалните мрежи се појави зумирана снимка од Матеј Периш од шеталиштето на Сава меѓу два моста, на која се гледа како тој се симнува по скалите.

Но, овој зумиран дел наводно покажува дека Матеј не е сам и дека некој го тепа, по што слегол по скали.

Јасно е дека никој не го брка Периш, но не е сосема јасно што се случило на дното од скалите. Иако снимката е прилично нејасна, во еден момент како да се појавуваат две глави и се туркаат една со друга, а потоа снимката се прекинува.

За потсетување, Матеј исчезнал ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, по напуштањето на клубот Готик.

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш трае веќе 12 дена, а според последните информации, лоциран е сигнал на мобилниот телефон на исчезнатото момче кај Големиот воен остров.

Базните станици го регистрирале сигналот на неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот бил лоциран низводно во близина на Големиот воен остров, каде што се изгубил. Се претпоставува дека Матеј цело време додека го носела Сава го имал телефонот во џебот и дека некаде во близина на островот, на устието на Сава и Дунав, неговото тело останало во водата.

Видеото погледнете го на следниот линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.