Седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се разгледува резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај, објавено е на веб-страницата на Генералното собрание на ОН.

По две одложувања, денеска требаше да се најде на дневен ред резолуцијата, но изјаснувањето по ова прашање беше одложено за уште една недела.

Дипломатската мисија на Србија работи на спречување на усвојување на резолуција со која злосторството во Сребреница се нарекува геноцид.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина и ги одразуваат ставовите на членовите на тоа тело за прашањето или темата во врска со која се усвоени.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна го искажа својот став за „Резолуцијата за геноцидот во Сребреница“ и обидот за нејзино усвојување. Вучиќ истакна дека ова е брутално кршење на Дејтонскиот договор, што доведе до повлекување на Американците.

Молчат затоа што знаат дека сме во право, а другите ги оставаат да зборуваат глупости“, додаде Вучиќ.

(фото: Фејсбук на Бујар Османи)

Македонија е еден од коспонзорите на оваа резолуција, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.