Тамара Звицер, сопругата на водачот на Кавачкиот клан била набљудувана од црногорската полиција уште во 2020 година. Го знаеле секое нејзино движење, но мафијашите имале и свој крт меѓу полицијците. Тоа бил Далибор Медојевиќ.

Тој е уапсен бидејќи информациите за тоа каде се наоѓа Тамара им ги давал на ривалскиот Шкаљарски клан. Во „Скај“ комуникацијата која била пробиена бил под име Радоња додека Радоје Звицер бил Борн.

Токму таа комуникација ги доведе напаѓачите меѓу кои и Стефан Ѓукиќ со македонски пасош до Киев каде што се криеше Звицер.

Токму Тамара го спаси сопругот и пукаше во напаѓачите. Радоје беше тешко ранет, но преживеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.