Нов инцидент се случи синоќа на аеродромот „Задар“. Имено, 34-годишен маж под дејство на алкохол од 2,20 промили синоќа околу 23:40 часот на летот на Рајнер од Лондон за Задар викал, правел галама и ги вознемирувал патнците на летот.
На еден од патниците дури му седнал во скут и му удрил шлаканица, јави Задарски.хр.

Инцидентот во полиција го пријавиле членовите на екипажот на летот од Лондон па на терен излегла аеродромската и поморската полиција. Поради пијаната состојба на мажот морала да биде употребена сила па поради безбедност мажот бил врзан со лисици па бил однесе на трезнење.

Полицијата го пријавила за особено дрско и непристојно однесување, јавува Оперативно-комуникацискиот центар ПУ задарска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.