Полицијата денеска повторно со кучиња-трагачи детално го пребарува реонот во Бањско Поле каде последен пат е видена исчезнатата Данка Илиќ.

Денеска има голем број на полициски екипи. Инспекторите до пред малку вршеа мерење на просторот. Ослободени се кучиња трагачи, повторно се претресува сè. Полицијата ништо не препушта на случајот, пренесуваат српските репортери од лице место.

Кучиња трагачи ја пребаруваат околината на дворот на семејството, а се претресува и шутот што неодамна го исфрлиле од имотот

Во потрагата по двегодишната Данка, која исчезна на 26 март, денеска се вклучи и словенечката полиција. Како што пренесува словенечкиот портал 24UR, секој кој има некаква информација за исчезнатото девојче може да пријави во словенечката полиција.

Доколку имате било каква информација, можете да се јавите на словенечкиот полициски полициски број 113, соопштија од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.