Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, за РСЕ потврди дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата.

Во објава на Фејсбук, Свечља истакна дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руските воени разузнавачки служби и дека дејствувала под маската на новинар“.

„Таа учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, додаде Свечља.

На некои фотографии што Свечља ги сподели во објава на Фејсбук, Асламова може да се види со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Свечља рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и бил забранет влез во многу земји.

„Во овој случај е забрането и продолжува ангажманот на релевантни актери додека не се разјаснат нејзините намери“, изјави шефот на косовската полиција.

„Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со настаните на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганда на која Србија веќе се приклучила и која има за цел да ја дестабилизира нашата земја“, додаде Џељаљ Свечља.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.