Според податоците што ги соопшти Републичката изборна комисија (РИК), на парламентарните, покраински, локални избори и избори за градот Белград, до 18 часот гласале 51,93 отсто од гласачите.

За споредба, во истото време минатата година, излезноста беше 50,82 проценти.

По региони излезноста до 18 часот е следна: Регионот на Војводина 52,24 проценти, Регионот Шумадија и Западна Србија 52,75 проценти, Регион на Источна и Јужна Србија 51,84 проценти и Белградскиот регион 51,07 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.