На вчерашното судење во Подгорица не се појави обвинетиот Стефан Ѓукиќ, припадник на кланот Шкаљарскиот клан и неговата сопруга Данијела.Тие се товарат за убиство на нивниот пријател Велизар Гардашевиќ.

За македонската јавност, Ѓукиќ е познат како еден од над 200 криминалци кому МВР му издаде македонски пасош.

Не е познато дали во моментот на исчезнување Ѓукиќ го корисел нашиот пасош на име Каче Герги. Ѓукиќ на 29 јануари 2019 година се сликал за македонска патна исправа.

Тој во мај 2020 година во Киев се обиде да го убие водачот на конкурентскиот Кавачки клан Радоје Звицер.

Ѓукиќ испукал неколку куршуми кон Звицер додека рој џогирал пред зграда во елитниот дел на Киев. Го спасила сопругата Тамара која отворила оган кон напаѓачите и тие се разбегале.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.