Интерпол распиша жолта потерница (потерница за исчезнати лица) по Данка Илиќ (2), која исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, пренесе ТВ 21.

За потсетување, виенската полиција покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ, откако српски државјанин кој живее во Виена пријавил дека синоќа на автобуската станица во центарот на австриската престолнина го видел девојчето, кое личело на исчезнатата Данка, во придружба од две жени, објави Клајн Цајтунг.

Граѓанинот на Србија ги контактирал надлежните српски органи, кои се обратиле до виенската полиција со барање за истрага.

Сведокот даде исказ и обезбедена е снимка што сам ја направил. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек – изјави портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.