Главниот убиец на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ (49), се ожени во затворот „Забела“ во Пожаревац со 22 години помлада сопруга.

Калиниќ се омажил во воена униформа, додека невестата носела свечен беж фустан. На свадбената церемонија одржана во „Забела“ кум бил Ненад Бујошевиќ – Рамбо, кој му е кум и на Милорад Улемек – Легија.

По свадбата, Калиниќ изјави дека се оженил затоа што сака да има дете, како и дека не му е проблем што детето ќе порасне без татко, околу дваесет години, колку што е времето што му останува да служи во „Забела“.

Кога некои луѓе можат да имаат деца на 83 години, претпоставувам дека можам и јас на 49 години! Уверен сум дека ќе живеам уште долго и по затворот!, порача Калиниќ од затворот.

Тој пред неколку месеци напиша и книга во која ги опиша затворските денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.