За време на гласањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, многу земји сфатија дека воопшто не станува збор за злосторства, ниту за грижа за муслиманите или бошњаците, туку дека се работи за политизирање на прашањето, изјави потпретседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во изјава за РТС.

Дачиќ изјави дека смета оти при гласањето за резолуцијата за Сребреница најмалку се гласало за природата на злосторството.

Хрватскиот претседател пак Зоран Милановиќ потенцираше дека во резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Обединетите нации не се ни споменуваат Србите.

Ако тоа им пречи или пак сметаат дека е газење, искоренување и трауматизирање на србите, тогаш утре ќе им пречи облачен ден, рече Милановиќ, коментирајќи ја усвоената резолуција на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.