Српското обвинителство за воени злосторства покрена обвинение за воени злосторства четворица високи офицери на хрватската армија, затоа што во операцијата „Бура“ на 7 и 8 август 1995 година, наредиле авионско ракетирање колона бегалци, главно деца и постари лица, на Петровачка цеста кај Босански Петровац и во населеното местото Сводна кај Нови Град.

За злосторството во кое биле убиени најмалку 13 српски цивили, меѓу кои имало и шест деца, додека бегале од просторот зафатен со воени дејствија, обвинети се сега пензионираните офицери на хрватското воздухопловство Владимир Микац (67), Зденко Радуљ (69), Жељко Јелениќ (69) и Данијел Боровиќ (64).

Саво Штрбац од Центарот за документација и информации Веритас за „Ало.рс“ објаснува дека сите обвинети биле пилоти на ЈНА и дека има многу докази дека знаеле да таргетираат цивили.

Данијел Боровиќ е првиот Хрват кој со „Миг-21“ пребега во Хрватска, останатите заминаа без авион. Има многу докази дека знаеле кого гранатираат. Прво, беа употребувани ракети С-24 кои се наменети да уништат жива сила, луѓе, а не тенкови, не да пробиваат оклоп. Тие гранати немаше да му направат ништо на тенкот, ако имаа таква намера, како што велат, да гаѓаат тенкови и оклопи. За оклоп се користат оклопни гранати. Ова без сомнение покажува дека гранатирале од чиста одмазда, без никаква воена потреба.

 

Второ, тоа се случило далеку од хрватските граници, кога луѓето бегале во Бања Лука и Србија. Трето, пилотите летале на височина од 50 метри, со брзина од 900 километри. При вакви прелети јасно се гледа се, дека долу има трактори и цивили, а не тенкови и војска. И на снимките се гледа дека никаде нема тенк или оклопно возило – вели Штрбац



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.