Во Србија има недостик на шекер. Во речиси сите продавници рафтовите се празни од овој основен продукт. Во тоа се увери и екипата на „Република“ која беше во Врање и забележа дека не може да се најде никаде, дури ни во маркетите на „Лидл“.

Српските власти веднаш објаснија дека ова е вештачки предизвикано за да да се создаде криза и страв кај граѓаните.

Било забележано дека некои луѓе купуваат по стотина кила шекер и затоа го снема за неколку денови.

Потоа истиот шекер го продавале по двојно повисока цена. Затоа српската влада најави ќе интервенираат од стоковите резерви и оти ќе ја замрзнат цената на 89 динари (45 денари)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.