Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја победи Хрватска со 3:2, по сетови 25:17, 25:22, 22:25, 29:31 и 16:14.

Ова е втор триумф за „црвено-жолтите“ по три одиграни кола во европската Златна лига. Претходно ја победија Белгија, а загубија од Украина.

Александар Љафтов со 23 и капитенот Никола Ѓорѓиев со 22 поени беа најефикасни во победничкиот состав.

Кај Хрватите се истакнаа Марино Марелиќ со 20 и Иван Зељковиќ со 19 освоени поени.

Во следното коло, македонските одбојкари ќе и гостуваат на Белгија, додека Хрватска ќе се соочи со Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.