Џа Морант имаше неколку спектакуларн потези на пат кон рекордните во кариерата 52 поени, со кои го предводеше Мемфис до победа против Сан Антонио со 118:105.

Морант реализира 22 од 30 шутеви од поле (4 од 4 за три поени), а постигна и 13 последователни поени во четвртата четвртина, кога неговиот тим ја направи клучната предност. Ваквата партија на Морант доаѓа еден натпревар откако тој го постигна својот претходен личен поентерски рекорд од 46 поени во победата против Чикаго.

Ефектот на Морант беше прват во историјата на клубот некој кошаркар да надмине 50 поени на еден натпревар.

Ди’Ентони Мелтон додаде 15 поени за Мемфис, додека Тајус Џоунс постигна 13.

Со оваа победа, Мемфис му се приближи на Голден Стејт на само еден триумф разлика на второто место во Западната конференција.

Лони Вокер ги предводеше Сан Антонио со 22 поени, додека Дежонте Мари додаде 21 поен и осум асистенции, пред да биде исклучен во последната четвертина. Цејкоб Поетл го заврши мечот со 16 поени и 10 скокови.

Поразот на Сан Антонио го остави Грег Попович на еден триумф до изедначување на Дон Нелсон како тренер со најмногу победи во регуларниот дел од сезоната во историјата на НБА лигата.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Минесота  122:127

Орландо – Индијана  119:103

Бруклин – Торонто  97:133

Мајами – Чикаго  112:99

Милвоки – Шарлот  130:106

Оклахома – Сакраменто  110:131

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.