Водечкиот тим во источната конференција во НБА лигата, Чикаго, ја забележа шестата победа во серија, откако на домашен терен ја совлада Атланта со 112:108.

„Биковите“ беа предводени од Демар Дерозан, кој постигна 37 поени.

Кај Атланта најефикасни беа Богдан Богдановиќ со 27 и Данило Галинари со 26 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Сакраменто – Денвер  110:128

Оклахома – Феникс  104:124

Портланд – Голден стејт  95:132

Детроит – Кливленд  106:103

Бостон – Бруклин  129:106

Мемфис – Минесота 114:119



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.