Најголемата ѕвезда на актуелниот НБА шампион Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, со 44 постигнати поени го предводеше својот тим до триумф на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс со 131:116.

Одличната партија Антетокумпо ја заокружи со 14 скокови и осум асистенции.

Боби Портис мечот го заврши со 23, а Крис Мидлтон со 21 поен.

Милвоки по 56 натпревари сезонава во НБА-лигата има 35 победи и 21 пораз и е втор на табелата во Источната конференција.

Кај Лејкерси најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени, Ентонин Дејвис постигна 22, а Малик Монк постигна 20 поени.

Лејекрс со биланс 26-29 се на 9. место во Западната конференција.

Резултати на останатите натпревари:

Филаделфија – Феникс  109:114

Атланта – Индијана  133:112

Бруклин – Бостон  91:126

Мемфис – ЛА Клиперс  135:109

Њу Орлеанс – Хјустон  110:97

Далас – Детроит  116:86

Денвер – Њујорк  132:115

Портланд – Орландо  95:113

Сакраменто – Минесота  114:134



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.