Клеј Томсон полека влегува во форма, а тоа е добар знак за Голден Стејт, кој славеше на гости против Оклахома со 110:98. Во својот 12-ти натпревар по враќањето од повреда, Томсон постигна 21 поен со што ја предводеше својата екипа до деветтата победа во серија.

Томсон гискина лигаментите во левото колено во шестиот натпревар од НБА финалето во 2019, по што, додека се опоравуваше од таа повреда ја скина ахиловата тетива во ноември 2020 година. По враќањето на во тимот на Голден Стејт, Томсон игра ограничени минути, но со својата игра покажува дека ќе биде подгтовен за финишот на сезоната и за плејофот.

Стеф Кари реализира 18 поени, 10 асистенции и девет скокови за Голден Стејт, кој мечот го заврши со 50% шут од игра.

Лугенц Дорт беше најефикасен кај Оклахома со 26 поени, додека Дериус Бејзли го изедначи својот овосезонски рекорд од 20 поени. Дебитантот Џош Гиди мечот го заврши со 16 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Торонто  101:116

Вашингтон – Мајами  100:121

Чикаго – Феникс  124:127

Јута – Њујорк  113:104

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.