Српската фудбалска репрезентација ремизираше 3:3 со Камерун во второто коло на Светското првенство во Катар.

Србија ја испушти победата, имајќи предност од 3:1, по што Камерун со два брзи гола го израмни резултатот за реми на стадионот Ал Џануб.

Александар Митровиќ e разочаран од исходот.

„Тешка игра, добиен натпревар… Малку наивно ги испуштивме трите бода. Мора да анализираме што се случи… Се случи тоа што се случи, навиваме за Бразил и се надеваме дека се ќе зависи од нас потоа“, рече т Митровиќ за ТВ Арена спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.