Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ изјави дека е исфрустриран поради пропуштената можност да се освојат трите бода.

Чувствуваме една фрустрација, бидејќи да имаме 3:1 на ова ниво… Тоа што успеавме да ги оставиме да стигнат до 3:3 е фрустрирачки. Многу добро реагиравме по примениот гол. Постигнавме три гола, но високиот аутпут на нашата одбрана во моментот кога водиме со 3:1, обидот за офсајд е апсолутно аматерски, а пред се неприфатлив на ова ниво“, започна Стојковиќ.

Писки е претпазилив пред последното коло.

“Фрустриран сум од резултатот. Играчите сакаа, имаше убави акции, особено со третиот гол. На ова ниво не може да се направат кардинални грешки во тактичка смисла. Чекаме Бразил – Швајцарија и да навиваме за Бразил. Во За да одиме понатаму, мора да ги победиме Швајцарците. Мораме да бидеме реални и внимателно да анализираме се“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.