Голема тага во семејството на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо.

Славниот Португалец на својот Инстаграм профил објави дека едното бебе од близнаците на неговата невенчана сопруга Георгина Родригез за жал починало при породување.

Момченцето не преживеало, а со девојчето се е во ред.

Оваа вест целосно го шокираше светот, бидејќи немаше индикации за ваква трагедија.

Роналдо за трагедијата ја извести јавноста на Инстаграм, а веднаш се огласи неговата мајка Долорес.

Таа на социјалната мрежа немала сила да напише ниту еден збор, туку само го споделила напишаното од нејзиниот син и фотографии од Роналдо со неговите други деца.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.