Фудбалерите на Шкупи не успеаја да обезбедат пласман во групната фаза во УЕФА Конференциската лига, откако во Приштина загубија од Балкани со 1-0 (0-0) и со вкупен резултат од 3-1 претрпеа елиминација во плејофот за третото по ранг клупско натпреварување во Европа.

Балкани триумфираше над македонскиот првак и на првиот натпревар пред една недела во Скопје со 2-1, а со победа на реваншот на стадионот „Фадил Вокри“ испиша историја како прв клуб од Косово кој ќе игра во групната фаза во европско натпреварување.

Победоносниот гол на реваншот во Приштина го постигна Меритон Кореница во 69 минута, а Шкупи целиот натпревар го одигра со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џелил Абдула по само 120 секунди.

Жрепката за групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување е закажана за утре во Истанбул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.