Првиот вицепремиер Артан Груби објави видео од своето присуство на стадионот „Фадил вокри“ во приштина, каде што косовскиот „Балкани“ го пречека македонскиот фудбалски првак „Шкупи“.

Од видеото може да се забележи дека со Груби се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за образование, Јетон Шаќири.

Фудбалерите на Шкупи вчера беа поразени од дебитантот Балкани (1:0) и со севкупен резултат од 3:1 се елиминирани од плеј-офот за Конференциската лига.

Инаку Груби е страстен навивач на скопскиот фудбалски клуб Шкупи и често ги следи неговите натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.