Сензационалниот триумф над Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе ја прослават заедно со навивачите вечерва на скопскиот плоштад „Македонија“.

Како што попладнево објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), националниот тим се очекува да ги поздрави присутните навивачи на плоштадот во Скопје околу 18:30 часот.

Пристигнувањето на фудбалската експедиција на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо е најавено за 17:30 часот.

Илјадници македонски навивачи синоќа спонтано ја славеа големата победа низ скопските улици, по што масовно се собраа на плоштадот „Македонија“, а триумфот се славеше и низ други градови во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.