Maкедонската фудбалска легенда  Дарко Панчев за „Република.рс“ даде коментар за вчерашниот меч во Палермо. Тој вели дека ова е одличен успех за Македонија и дека им донесеоа многу радост на народот и оти сега не е важно и да изгубат од Португалија.

Прославите беа на улица, народот едвај чека да постигне некој голем спортски успех и да го прослави. Честитки момци. Тие се хероите на нацијата во моментов. Сега треба да ги изладиме главите и да го чекаме финалето против Португалија. И да испаднат, не е важно. Овој тим веќе постигна извонредни резултати. Што се однесува до Италија, таа вторпат по ред не оди на Светско првенство. Тоа е уште еден показател за тоа што го зборувам со години, а тоа е дека италијанското првенство е неквалитетно 15 години. Тоа се одразува и во репрезентацијата. За мене беше големо изненадување што станаа европски шампиони, се прашувам и денеска. Фудбалот обезбедува изненадувања. Се надевам дека Македонија ќе игра толку добро и храбро и во Португалија, па што биде нека биде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.