Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци по елиминацијата на Челзи во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.

Реал синоќа на домашен терен загуби со 2:3 по продолженијата и со вкупни 5:4 оди во полуфиналето. Гостите од Лондон до десетина минути пред крајот имаа резултат од 3:0 кој им беше доволен за пласман во следната фаза, но Реал најпрво намали на 1:3, а во продолженијата постигна уште еден погодок за вкупна победа.

Влеговме на натпреварот како без желба да постигнеме гол. Очигледно моите играчи мислеа дека гол не ни е неопходен поради високата победа на првиот меч. По 0:3, се почувствував послободно, а магијата на „Сантијаго Бернабеу“ му се откри на светот. Се зборува дека шпанските клубови се послаби од англиските. Но, има два клуба од Ла Лига во полуфиналето на Лигата на шампионите, а два англиски се елиминирани – изјави италијанскиот стручњак.

Во полуфиналето Реал Мадрид ќе се сретне со победникот од натпреварот Манчестер сити – Атлетико Мадрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.